Радио во Швајцарија емитувало програма направена со помош на вештачка интелигенција: Гласовите на водителите клонирани

Швајцарската радио-станица „Couleur 3“ денеска од шест наутро емитувала програма направена исклучиво со помош на вештачка интелигенција, објави тоа радио на „Twitter“. Од тој експеримент биле исклучени само вестите.

Текстовите кои слушателите можеле да ги слушнат на музичкиот канал на јавниот швајцарски медиум „RTS“ во главно биле за вештачката интелигенција и произведени со помош на говорната роботска програма на „ChatGPT“, кој од крајот на минатата година го привлекува вниманието ширум светот.

 

 

Водителите на емисијата претходно ги клонирале гласовите, а меѓу другото, користени биле за интервју со клонираните гласови на поранешните американски претседатели Барак Обама и Доналд Трамп. Освен тоа, станицата редовно уфрлувала референци за тоа дека станува збор за експеримент.

„Звучи како „Couler 3“, но водителите се заменети од вештачка интелигенција“, вели клонираниот водител чиј глас не се разликува од гласот на вистинскиот новинар.

 

 

 

Швајцарското јавно радио нуди програма на сите четири официјални јазици во Швајцарија – француски, германски, италијански и реторомански.