Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се водеше жестока дебата на темата за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во државата за Коридорот 8 и 10д и потпишувањето на Договорот со познатиот меѓународен конзорциум “Бехтел и Енка”. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска јавно од собраниската говорница му се закани на вицепремирот Артан Груби велејќи:
„Груби затоа што многу се буни нека одговори кој и зошто предложил закон спротивно на одлука на уставен суд и се согласил да плати големи казни. Ти ќе бидеш првиот што ќе оди во затвор! За вакви договори и ваков закон нема да има милост и ќе има одговорност за сите што го случиле овој договор, да се плаќаат пенали со народни пари за некој а се богати.“- рече Стојановски.
Македонскиот опозициски субјект ВМРО-ДПМНЕ со тенденциозни тврдења, крајно незасновани и невистинити, со ниту еден аргумент не запира со обидите за оцрнување на овој капитален проект во секоја изјава пред медиумите и во секој јавен настап на нејзините членови пред јавноста.
Токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска на скандалозен начин ја презедоа улогата на Обвинителството и Судот на седницата за пратенички прашања.
Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Договор за коридорите 8 и 10д се од стратешки национален интерес за државата и станува збор за проект од голема важност за Северна Македонија. За експропријацијата премиерот Ковачевски кажа дека и во сегашното решение работите на автопатот ќе се одвиваат без второстепена постапка.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека го немал видено договорот со „Бехтел и Енка“. Најави дека пратениците со безбедносен сертификат ќе го видат другиот месец.