По заминувањето на Зоран Заев од премиерската функција и доаѓањето на новиот мандатар Димитар Ковачевски, партијата Алтернатива на Африм Гаши и нејзините 3 пратеници, станаа дел на парламентарното мнозинство и владината коалиција со двајца министри, за Здравство и Информатичко општество и администрација како и министер без ресор одговорен за дијаспората.
Но, штом започнаа разговорите за проширување на парламентарното мнозинство од страна на СДСМ и ДУИ со Алијансата за Албанците, партијата на Гаши изрази несогласувања и со окончување на преговорите со Албанската алијанса, Гаши ја напушти Владата и му отстапи место на Таравари, овозможувајќи функции на министри за здравство и информатичко општество и администрација како и голем број директори со кои раководеше Алтернатива.
И покрај тоа, високите челници на двете најголеми партии, СДСМ и ДУИ, постојано повикувале за вклучување и враќање на Алтернативата во Владата и нејзино приклучување кон „Фронтот за Европа“, иницијатива што ја започна лидерот на интегративците, Али Ахмети.
Последните настани на политичката сцена ја реактуелизираа темата за враќањето на Алтернатива во Владата.
Партијата на Африм Гаши може да цели кон значајната вицепремиерска функција за добро владеење и борба против корупцијата, што сега ја предводи Славица Грковска, која доаѓа од редовите на СДСМ.
Оваа функција би можела да биде прифатлива и за партијата на Африм Гаши, која во многу случаи потенцираше дека борбата против корупцијата им е главен приоритет, а предложија и амандмани за незастареност на предметите поврзани со злоупотреба на службената должност, а оваа функција се чини дека претставува цел за спроведување на нивните партиски политики.