Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, особено во северните делови ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе се движи од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно време, во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Температурата ќе достигне до 20 степени.
Следните два дена ќе бидат релативно топли, а во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.