Груби: Ништо и никој не може да ја спречи изградбата на автопатите, на Бехтел-Енка и плативме 117 милиони евра 29 АПРИЛ 2023 год

Првиот вицепремиер Артан Груби преку објава на социјалните мрежи истакна дека сега ништо и никој не може да ја спречи изградбата на автопатиштата, на Бехтел-Енка и дека плативме 117 милиони евра.

Според Груби, со истиот посебен закон, со истиот договор, фирмата Бехтел – Енка гради и во Србија, каде што денеска државните органи пуштија во употреба дел од автопатот.

Целосната објава:

,,Со истиот посебен закон, со истиот договор, фирмата Бехтел – Енка гради и во Србија, каде што денеска државните власти пуштија во употреба дел од автопатот.

И кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, се потпиша договор со истата компанија за изградба на коридорите 8 и 10-Д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација.

Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат изградбата, само ја поскапуваат и го продолжуваат рокот за завршување.

Зависи од самите пратеници дали ќе се гради поефтино и побрзо или поскапо и подолго.”

https://www.facebook.com/photo?fbid=784965479659639&set=a.262689908553868