ОНИЈАРЕГИОНСВЕТТЕХНОЛОГИЈАСПОРТШОУ БИЗНИС
360°: Судска наредба за прислушување – затворените плика одат во историја, ги заменува дигитален систем
МАКЕДОНИЈА
April 29, 2023
Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 28 април 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваше директорот на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски.
Во емисијата „360 степени“ гостува Зоран Ангеловски, директорот на Оперативно-техничката агенција (ОТА), институција во која, по расформираљето на УБК, се пресели опремата за следење на комуникациите. Поводот поради кој директорот Ангеловски го поканивме на интервју е воведувањето дигитален систем за создавање, чување, обработка и пренос на класифицирани документи поврзани со иницирање и издавање наредби за посебната истражна мерка следење на комуникациите (прислушување). Тој систем, создаден на иницијатива на ОТА, ја заменува актуелната размена на документи во хартиена форма, со затворени плика и курири. Ангеловски одговара и на прашањата – дали, сепак, може да постои прислушување без судска наредба и дали има парасистеми или жолти комбиња во земјава.
/360’/