Груби го предизвика ВМРО: Ако не се платат “Пенали” на 6 мај, дали ќе ги усвоете законите?

Првиот вицепремиер Артан Груби уште еднаш реагираше на клеветите на опозицијата за, како што тврдат, неправилности, плаќања и нерегуларни договори за изградбата на Коридорот 8 и 10-Д.

 

Груби овојпат ја предизвика опозицијата доколку не излезат нивните „наводи“ да се тргне блокадата на законите и да не се попречува изградбата на овој проект.

 

Целосната објава:

,,Шефот на опозициската партија рече дека на 22 април мора да се плати „пенал“ од 53 милиони евра на конзорциумот Бехтел – Енка за изградба на коридорите 8 и 10-Д.

Ова не се случи!

Тој вчера повторно даде различна информација, дека на 6 мај ќе се плати непостоечкиот „пенал“.

Ниту ова нема да се случи!

Опозицијата или не знае да го чита договорот или не го разбира договорот или едноставно секојдневно произведува лажни вести против изградбата на автопатиштата.

Стоп за лажни вести и пропаганда!

Еве еден предизвик до нив, ако до 6 мај не се исплатат тие средства што ги бара опозицијата, кои патем речено, требаше да се исплатат до 22 април според нив, тогаш нека ја тргнат блокадата на законите за олеснување на процедурите и забрзување на изградба на автопати.

Да повторам: Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат градбата, само ја поскапуваат и ќе трае подолго.

Уште еднаш: Од пратениците зависи дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо.

Бесмислената и неоправдана блокада на опозицијата во Собранието може да ги чини граѓаните над 100 милиони евра и две години доцнење во изградбата на автопатиштата.

Ова е неодговорно и неприфатливо!”