Ѕвездата на Милан освен што игра фудбал и рапува: Ибра ми се смее на песните


Дерби викенд во Серија А, Баскиецот јадеше лимон за кладба! ↓↓↓


Рафаел Леао е еден од најдобрите фудбалери на Милан сезонава и ги предводеше „росонерите“ до полуфиналето ов Лигата на шампионите, но покрај фудбалот тој се занимава и со музика.

Во музичкиот свет Леао го носи името „Way 45“, а сега во интервју за магазинот „Ролинг Стоунс“ зборуваше за значењето кое го имала музиката во неговото семејство.

„Музиката е дел од моето семејство. Мојот чичко беше ди-џеј, татко ми пееше, а мојата музика е хип-хоп. Преку неа се изразувам затоа што вака сум срамежлив и не ги покажувам чувствата. Рапувам во главно на тема за растењето во сиромашни населби. Некои од моите соиграчи ги слушаат моите месни.

„Златан Ибрахимовиќ ми се смееше и ми кажа да се посветам на фудбалот, не на музиката. Други ми дадоа поддршка да продолжам да снимам“, изјави Леао.