(Вo живо) Скршени излози, фрлен солзавец – милиони на протести низ улиците во Франција

Работниците одржаа протестни маршеви низ Франција по повод 1 мај, Меѓународниот ден на трудот, незадоволни што претседателот Емануел Макрон ја зголеми старосната граница за пензионирање, а полицијата употреби солзавец во Париз и Нант на западот на земјата.

Французите по одлуката за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години најавија „историски демонстрации“ за 1 мај.

Софи Бине, лидерот на левичарскиот синдикат CGT, рече дека пензиската реформа го оставила францускиот претседател Емануел Макрон изолиран, објави „Ројтерс“.

https://www.youtube.com/watch?v=R_V5t5SKpzA

„Извршната власт не може да владее без поддршка од народот“, рече Бине пред протестите во Париз, додавајќи дека нејзиниот синдикат сè уште не одлучил дали ќе разговара со владата за други проблеми поврзани со работата во наредните недели.

Лоран Берже, шеф на реформскиот синдикат Се-Еф-Де-Те (ЦФДТ), рече дека владата на Макрон ги игнорирала барањата на едно од најмоќните општествени движења во последните децении. Тој кажа дека неговиот синдикат е отворен за разговори со Владата. „Мораме да ставиме други предлози околу платите и работните услови на маса“, изјави тој за „ТВ БФМ“.

Демонстрантите фрлаа балони полни со вода кон службите за итни случаи, ги скршија прозорците на најмалку две банки и обоија некои згради со спреј.

На улиците има голем број полицајци, а полицијата фрли солзавец кон демонстрантите.

Демонстрантите веќе ги кршат излозите на продавниците во Лион и се собираат во другите големи француски градови.

Популарноста на Макрон, откако ја зголеми старосната граница за пензионирање за две години на 64 години, падна на најниско ниво од кризата со „Жолтите елеци“.