Груби: ВМРО и Левица со блокада на законите во Собранието ќе ја чини државата над 150 милиони евра и две години залудно потрошено време

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска преку објава на социјалните мрежи дополнително го појасни функционирањето на Договорот со “Бехтел и Енка”, споредувајќи како тие работеле и функционирале во регионот и овде. 

Целосна објава : “Според посебниот закон и договорот, конзорциумот Бехтел Енка е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси.

Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија и Србија околу 50 отсто.

Првичните прогнози, по анализата на пазарот, се дека и кај нас ќе биде ангажирана целата расположлива работна сила, по можност и над 70%.

Строго ќе се почитуваат сите права и обврски предвидени со законот за работни односи и другите закони.

Уште еднаш да потсетам: Опозицијата, ВМРО и Левица, со блокадата на законите во Собранието ќе ја чини државата над 150 милиони евра и две години залудно потрошено време. На ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот, можат само да го поскапат и да го одложат завршувањето на автопатите.

 

Дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо, зависи од пратениците.”, појасни Груби.