Земјотрес во Италија | Редакција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во близина на брегот на Калабрија, на југот на Италија.

Според податоците на Националниот институт за геофизика и вулканологија, епицентарот на земјотресот бил на 46 километри западно од Козенца, на длабочина од 266 километри, пренесува Анса.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.