„Пожарот е класифициран како пожар со највисок степен на сериозност“, напиша Вениамин Кондратиев, гувернер на Краснодар. Пожарот избувна во селото Волна, во административната област Темрјук, рече тој.
Областа се наоѓа во близина на Кримскиот мост, кој го поврзува руското копно со полуостровот Крим. Се прават сите напори за да се спречи натамошно ширење на пожарот. Нема опасност за жителите на селото“, изјави Кондратјев.
Во текот на ноќта Русија ја започна третата рунда напади врз Украина во последните шест дена. Дрон удри во зграда во реонот на Днепар, а останатите се испратени кон главниот град, соопштија украинските власти.
Командата на воздухопловните сили на Украина соопшти дека нејзините сили уништиле 21 од 26-те беспилотни летала Шахед од иранско производство, испратени од Русија, додека властите во Киев рекоа дека системите за воздушна одбрана ги елиминирале оние испратени над градот. Нема извештаи за жртви.
„Сите непријателски цели се идентификувани и соборени во воздушниот простор околу главниот град“, соопшти воената управа на Киев.
Сирените за воздушен напад се слушаа во Киев и околниот регион неколку часа, соопштија официјални лица.