Европската Унија најверојатно оваа година ќе постигне договор што ќе го отвори патот за усвојување на првиот голем закон за вештачка интелигенција (АИ), изјави извршната потпретседателка на Европската комисија (ЕК) задолжена за технолошки прашања, Маргрет Вестагер.
„Немаше причина да се двоумиме и да го чекаме воведувањето на законот. Ова е неопходно со цел да се забрза воведувањето на неопходните промени во сите системи каде што вештачката интелигенција ќе има огромно влијание“, изјави Вестагер за Ројтерс.
Таа, меѓу другото, изјави дека ќе се воведе задолжително означување на сликите генерирани од вештачката интелигенција.
Во четвртокот, пратениците на Европскиот парламент (ЕП) постигнаа прелиминарен договор за проследување на нацрт-законот за Комитетот за вештачка интелигенција, кој ќе гласа за него на 11 мај.