Масовното убиство во Младеновац е тероризам, изјави Вучиќ и најави целосно разоружување на Србија

Терористички чин. Вака српскиот претседател Александар Вучиќ го нарече масовното убиство кое се случи синоќа во околината на Младеновац, кај Белград.

„Вчерашниот напад беше терористички напад, акт во кој нашите специјални антитерористички единици имаа задача да уапсат или неутрализираат терорист. Негативецот е уапсен и повеќе нема да ја види светлината на денот. Нема да излезе од затвор. Толку многу семејства ги обвитка во црно,“ рече Вучиќ во вонредното обраќање до јавноста.

Тој изрази сочувство во негово име и во име на членовите на Владата на Србија за масовното убиство во кое беа убиени 8 лица, а ранети 14.

„Соединети сме во болката и тагата“, рече српскиот претседател.

Претходно српската полиција го уапси осомничниот за нападот во близината Според соопштението на Министерството за внатрешни работи по опсежна потера, уапсен е осомничениот кој е идентификуван како У.Б.

МВР соопшти дека осомничениот бил уапсен во близина на Крагуевац во централна Србија. Престрелката се случила доцна вечерта на 4 мај во селата Дубона, Мало Орашје и Шепшин кај Младеновац.

Од полицијата соопштија дека сите повредени се згрижени во болници.

„Полицијата продолжува со понатамошната работа за расветлување на сите околности на овој настан“, се додава во соопштението од МВР.