Порака на Елмас по освоеното Скудето: Доаѓаме од мали земји, останатото е историја!


Битки за ЛШ во Серија А и Лига 1, Арсенал нема шанси за титула! ↓↓↓


Елиф Елмас со Наполи вчера и официјално стана вториот Македонец по Горан Пандев кој освоил Скудето.

Титулата во Неапол се чекаше 33 години, уште од времето на Марадона, а претходниот Македонец кој освои Скудето беше Горан Пандев со Интер во 2010-та година.

Честитки за третата титула во историјата на Наполи пристигнуваат од сите страни, со порака на социјалните мрежи се огласи и Елмас.

„Ние доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија и Камерун, останатото е ИСТОРИЈА. Сонот на Неапол стана реалност“, гласи пораката на македонскиот репрезентативец.