СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бега, не кажува на која комисија да се разгледува Договорот за коридорите

ВМРО-ДПМНЕ како дел од хистеријата што ја води против американската компанија Бехтел, со денови бараше Договорот за коридорите да се достави до Собранието и да се разгледува на собраниска комисија, велат од СДСМ.

„Сега, од оваа партија со денови бегаат, молчат и не кажуваат на која комисија тој Договор би се разгледувал.

Веднаш штом ВМРО-ДПМНЕ каже, Договорот ќе биде доставен во Собранието и ќе се разгледува на комисија која ќе ја определи ВМРО-ДПМНЕ во ден кој исто така ќе го определи партијата предводена од Христијан Мицкоски“, посочуваат во нивното соопштение.

Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ, како што оценуваат, поважно му е да шири лажни вести и измислици за делниците од коридорите, отколку суштински да се расправа за Договорот.