Ливерпул ги претстави дресовите за следната сезона🎥


Битки за ЛШ во Серија А и Лига 1, Арсенал нема шанси за титула! ↓↓↓


Ливерпул денес ја претстави првата гарнитура на дресови за сезоната 2023/24.

Дресот е со класичен дизајн и вообучаено црвена боја со бели детали и е инспириран од дресот кој е носен во сезоната 1973/74.

Таа година Ливерпул ја освои титулата во ФА Купот под водство на Бил Шенкли и на тој начин сака да му оддаде почит на една од најголемите легенди на клубот од „Енфилд“.

Овој дрес „црвените“ ќе го носат во последниот домаќински меч од оваа сезона против Астон Вила на 20 мај.