Џенова победи и се врати во Серија А, Пандев беше специјален гостин


Битки за ЛШ во Серија А и Лига 1, Арсенал нема шанси за титула! ↓↓↓


Горан Пандев пред 36-тото коло во Серија Б беше гостин на Џенова која играше притив Асколи.

Во овој натпревар Џенова победи и обезбеди кам-бек во калчото по само една сезона. Пандев од трибините беше поздравен со овации.

Пред неколку недели Пандев беше гостин на „Џузепе Меаца“ каде што чест му укажа и Интер со кој освои триплета.

Во натпреварот денес Џенова го совлада Асколи со 3:1 и на две кола пред крајот има недостижни осум бода предност и математички го обезбеди враќањето.