Тимот составен од играчи на кои им истекуваат договорите изгледа спектакуларно 📸


Битки за ЛШ во Серија А и Лига 1, Арсенал нема шанси за титула! ↓↓↓


На крајот на актуелната сезона на многу големи играчи им истекуваат договорите, веројатно дел ќе си заминат, а дел ќе ги продолжат.

Сега „Спорт 360“ направи тим од играчите кои на лето им завршува соработката со својот клуб и тој тим изгледа одлично.

Во нападот се Меси, Бензема и Ди Марија, зад нив следи „четворка“ во средината: Крос, Модриќ, Канте и Гудоган, додека одбраната ја сочинуваат: Бенсебаини, Скриниар и Начо. На голот е Де Геа.

На клупата место добија: Рабио, Асенсио, Заха, Турам, Фирмино, Смолинг и Очоа.

Дефинитивно тим кој според имињата би се борел и за освојување на Лигата на шампионите.