Груби: Во фокус на Владата освен изградбата на Коридорот 8 и 10Д е и инвестирањето во локалната патна инфраструктура

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик -министерот Беким Реџепи, денеска извршија надзор над градежните работи на  улицата  “Парашќеви Ќириази“ и нејзините краци во општина Чаир. Станува збор за проект вреден над 350 илјади евра.    Целосна објава : ” Во фокусот на Владата, покрај реализацијата на капиталните проекти Коридорот 8 и 10Д, останува и инвестирањето во регулирањето на локалната патна инфраструктура во сите општини низ државата.

Заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и заменик министерот Беким Реџепи, извршивме надзор над интензивните работи кои се одвиваат за целосна реконструкција на улица “Парашќеви Ќириази“ и нејзините краци во општина Чаир, проект целосно финансиран од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Вредност на проектот: над 350 илјади евра.” , соопшти Груби.