По повод 9 мај Денот на победата над фашизмот како и Ден на Европа, свое обраќање на свеченото одбележување пред Владата имаше и Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кои истакна дека има лидери кои се подготвени да зборуваат за помирување и сето тоа е во корист на иднината на нашата земја, нашата иднина која што треба да ја гледаме само во ЕУ.
„За нашата земја, но и во нашиот континет секогаш сме имале храбри лидери кои што прво се бореле против фашизмот, го победиле, а потоа дошле до тоа да се помируваат внатрешно и меѓусебно. Така беше и во нашата држава. Во 1991 година ја постигнавме нашата независност, а потоа почна и помирувањето внатре меѓу заедниците. Во 2001 година кога беше потпишан Охридскиот рамковен договор повторно беа потребни храброст и храбри луѓе, храбри лидери и повторно следуваше помирување. Така се случи и со Преспанскиот договор. Имавме лидери и граѓани кои што беа доволно храбри да ја донесат вистинскат одлука за државата и да се помират со соседите, а со тоа ние да станеме членка на НАТО што е навистина многу важно во денешно време. Сега, повторно пред нас имаме прилика да покажеме храброст, да покажеме лидерство и сите да се обединиме за нашето членство во ЕУ.
Нашата Влада има лидери кои се подготвени да зборуваат за помирување и сето тоа е во корист на иднината на нашата земја, нашата иднина која што треба да ја гледаме само во ЕУ.
Затоа, би сакал денес токму во оваа прилика, на денот на одбележувањето на денот на Европа и денот на победа над фашизмот сите да се обединиме, да се помириме и да работиме кон иднината на нашата земја“, истакна Груби пред присутните.