Whisper Challenge | TJ vs Baskiecot ⚽️ #1 ↓↓↓
Евертон приреди големо изненадување и со високи 5:1 го декласира тимот на Брајтон.
„Крамелите“ со оваа победа се чекор поблиску до обезбедување на опстанок, а Брајтон го доживеа највисокиот пораз сезонава.
Гостите од Ливерпул постигнаа дури три погодоци во првиот дел. Дукуре беше прецизен двапати, додека третиот погодок беше автогол на Стил.
Двајт Мекнил во 76-та минута од мечот зголеми на 0:4, а само четири минути подоцна Брајтон го намали резултатот. На крајот Мекенил ги постави конечните 1:5.