Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, Бастијан Швајнштајгер неодамна станаа родители по трет пат. На 6 мај, од домот на поранешната тенисерка и познатиот германски фудбалер, пристигнале прекрасни вести.
Имено, убавата тенисерка се породи по трет пат, а семејството на славниот пат станал побогат за уште едно момче. Ана и Бастијан веќе ги имаат синовите Лука (5) и Леон (4), кои биле пресреќни што добиле уште еден брат. Името на бебето сè уште не е познато. Додека целиот свет е во исчекување да го дознае името на третото дете, парот го објавил првото преслатко видео од новороденчето. Во видеото се гледаат рацете на сите членови на семејството Ивановиќ-Бастијан, а на крајот се гледа малото бебешко раче. „Здраво, свету. Нашите срца се полни со љубов“, напишале во описот на видеото кое го објавиле на социјалните мрежи.