(Видео) Голем пожар го зафати мостот што ги поврзува Железничка станица и „Ист Гејт“, блокиран е сообраќајот

Голем пожар синоќа го зафати мостот „Беласица“ во близина на Трговскиот центар „Ист Гејт“ кој води кон Железничката станица во Скопје.

Екипи на противпожарната бригада со часови го гаснеа огнот.

Пожарот е локализиран, а мостот е целосно затворен за сообраќај од безбедносни причини. Полицијата ги пренасочува возилата.