Камен темелник на Коридорот 10д , Груби: Овој проект не може да го запре ниту Мицкоски ниту „Свети Мицко“!

Денеска, по повод поставуавњето на камен темелникот на изградба на Коридорот 10 (Прилеп – Битола) свое обраќање пред присутните имаше и Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Груби во својот говор потенцираше дека изгрдабта на овој капитален проект за изградба на Коридорите 8 и 10 д нема да ја спречи ни Мицкоски ни „Свети Мицко“.

„Задоволството ми е што сме денес заедно тука. Му благодарам и оддавам признание на секој поединец, политичар, директор и заменик кој го поддржува овој проект. Благодарност до ЕУ, САД, до амбасадата наРепублика Турција за поддршката од почетокот до денес.

Тоа што апсолутното мнозинство пратениците, сите министри стојат зад проектот е најголема гаранција на сите граѓани и на Прилеп и на Битола и на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид дека ниту Мицкоски ниту „Свети Мицко“ може да го запре овој проект! Овој проект продолжува и сите Влади, а секако следната ќе биде истата која што е и оваа денес, ќе го заврши овој проект , ќе ги пресече лентите и сите граѓани ќе се возат по нив.

Ова што го гледате денес во Собранието е порака дека дојде крајот на киднапирањето на законите и иднината на овој народ. Ќе се стави крај на заложниците и блокадата на опозицијата, како што не го блокираа овој проект, така никој не може да ја спречи интеграцијата на нашата земја во ЕУ. Влезете сите во возот што води до Брисел бидејќи нема кој да го запре!“, рече Груби во својот говор пред присутните.