Пријателско Ел Класико во САД


Што интересно можеме да следиме викендов во фудбалска Европа? ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона ова лето повторно ќе одиграат пријателски натпревар во САД, во Тексас на 29 јули.

Двата тима ќе бидат на турнеја во САД во предсезоната и ќе играат на заеднички турнир со неколку европски гиганти.

„Кралскиот“ клуб во рамките на „Сокер чемпионс тур“ ќе се сретне со Милан во Лос Анџелес, па со Манчестер Јунајтед во Хјустон, а на 29-ти јули на „АТ&Т стадионот“ во Далас ќе игра пријателско Ел Класико против Барса.

„Ел Класико ќе се одигра на најграндиозниот стадион на светот, стадионот на Каубојс со капацитет од 105.000 седишта.