Увидот на полицијата и јавен обвинител се уште трае, а патниот правец е затворен за сообраќај во двата правци. Едно лице е загинато, а едно е потешко повредено во сообраќајна несреќа што попладнево во 18:40 часот се случила на патот од Струмица за Радовиш. Сообраќајната несреќа се случила на влезот во селото Владевци, на крстосницата за селото Сушево.„Загина сопатник на мотоцикл, а возачот е потешко повреден и е пренесен во струмичката болница“, велат од СВР Струмица. Оттаму велат дека несреќата се случила помеѓу мотоцикл и автомобил. Увидот на полицијата и јавен обвинител се уште трае, а патниот правец е затворен за сообраќај во двата правци.