Тен Хаг: Многу играчи сакаат да дојдат во Манчестер Јунајтед


Што интересно можеме да следиме викендов во фудбалска Европа? ↓↓↓


Ерик тен Хаг во првата сезона бележи добри резултати со Манчестер Јунајтед и е на праг да обезбеди пласман во Топ 4.

Холандскиот тренер најави возбудливо трансфер лето на „Олд Трафорд“ бидејќи смета дека сега многу фудбалери ќе сакаат да дојдат во Манчестер Јунајтед.

„Сега гледам разлика во споредба со тоа што се случуваше пред една година. Минатата година, имаше многу фудбалери кои гледаа со резерва на Јунајтед, но сега е поинаку. Многу играчи сакаат да дојдат кај нас. Квалитетот е подобар и ќе имаме возбудливо лето. Освоивме еден трофеј, а ќе се бориме за уште еден и мора да останеме во топ-4 до крај на сезоната“, кажа Тен Хаг.