ФОТО: Затворена за сообраќај улицата кон мостот „Беласица“ во близина на „Ист Гејт“

Затворен сообраќајот кон мостот „Беласица“ во близина на „Ист Гејт“ откако истиот пред неколку дена беше целосно во пламен.

Прекинот за автомобили и за пешаци е поради безбедносни причини додека не се проверат сите оштетувања и не се утврди дали има услови да се санира или треба целосно да се урне.Во пожарот изгореле повеќе електрични инсталации и грејни цевки, па материјалната штета е голема, а според директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангеллов, причина за пожарот најверојатно е човечки фактор, бидејќи таму престојувале бездомници.