Панчев доби место во идеалните 11 на сите времиња во избор на Пикси


Што интересно можеме да следиме викендов во фудбалска Европа? ↓↓↓


Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси кој е и поранешен селектор на Југославија ги избра најдобрите 11 со кои соработувал.

Пикси идеалните 11 ги избра емисијата „Мои Топ 11“ каде што водител е Нешо Петровиќ. Во идеалниот состав на Пикси место доби и македонската фудбалска легенда Дарко Панчев.

Идеалниот состав на Пикси изгледа вака: Пантелиќ, Просинечки, Југовиќ, Савичевиќ, Панчев, Водл, Карлос Алберто Торес, Реница, Сушиќ, Мијатовиќ и Белодедиќ.

За тренер на оваа екипа Пикси го избра поранешниот стратег на Арсенал, а сега директор за развој во ФИФА, Арсен Венгер.

Соиграч со Панчев Пикси беше во Звезда но тој си замина пред гигантот од Белград да стане еврсопски шампион.