Бугарскиот Ромео: Ги заведе Серена, Шарапова, Никол Шерцингер, а сега се шпекулира дека е со најубавата жена на светот!

Тие се спортската приказна на месецот. Тој има 31 година, таа собра 35, пишува Слободна Далмација.

Познатиот тенисер и искусна актерка е приказна која ги полни колумните во весниците, а потврдата за романсата стигна со објава на неговиот Инстаграм профил.

Тој е бугарскиот ас Григор Димитров, а таа е романската актерка Мадалина Дијана Генеа. Приказната се уште не е официјално потврдена, но Димитров ја „тагна“ Мадалина на својот профил, а таа го напиша неговото име на чинија,па има шанси парот да е заедно.

Таа неодамна беше видена и на неговите натпревари, па веста брзо се прошири во јавноста и се прошири низ етерот.

Во 2007 година, Мадалина се појави во спотот за песната „Il tempo tra di noi“ на италијанскиот музичар Ерос Рамацоти. Своето деби на големото платно го имаше во 2011 година, глумејќи во италијанскиот филм „I soliti idioti“. Можеби на гледачите им е најпозната по портретирањето на Софија Лорен во неодамнешниот хит House of Gucci.

Генеа беше во врска со Леонардо ди Каприо и Џерард Батлер.

Димитров, пак, е познат како голем заводник, во своето „портфолио“ има врски со руската тенисерка Марија Шарапова и пејачката Никол Шерцингер, пишува Слободна Далмација.