Инзаги: Утрешниот меч е еден од најважните во историјата на Интер


Лига на шампиони: Кој ќе игра во големото финале!? ↓↓↓


Тренерот на Интер, Симоне инзаги пред полуфиналниот реванш со Милан истакна дека тој е еден од најважните натпревари во историјата на клубот.

Интер има голема предност од првиот меч (0:2) и е блиску до пласман во финалето на Лигата на шампиони.

„Утре е еден од најважните натпревари во историјата на Интер. Мора да играме со ладна глава и со срце за да го оствариме сонот да стигнеме до финалето. Првиот натпревар заврши 2-0, но Милан е секогаш застрашувачки и има одлични играчи“, започна Инзаги.

„Знаеме против кого играме, но знаеме и дека сме во одлична форма. Подготвени сме за натпревар од ваква големина, веќе го доживеавме со многу силен тим како Бенфика“, додаде Инзаги.