Ковачевски: Изградбата на коридорите почна и нема да запре

Премиерот Димитар Ковачевски денес на брифинг со новинарите истакна дека никој не може да ја спречи изградбата на Коридорите 8 и 10Д, јавува ТВ21.

Тој вели дека мора по скратена постапка да се одобрат законите кои се однесуваат на изградбата на коридорите, означени со европско знаме.

Според него, тоа го бараат и локалните компании, затоа што се забрзува процесот.

„Со американските партнери не сме разговарале многу за „Бехтел и Енка“, бидејќи во Собранието е изгласана законски. Немаше пратеник против. Проектот е веќе започнат, машините се на терен и нема да запрат. Законските измени мора да поминат во Собрание, бидејќи се забрза работата на терен. Тоа го бараат и нашите домашни компании“, рече Ковачевски