Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија и актуелниот претседавач на ОБСЕ Бујар Османи, со објава на социјалната мрежа фејсбук извести дека по негов предлог започнува иницијативата за заедничка борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан.
„Верувам дека иницијативата ќе добие широка политичка поддршка од лидерите на земјите во овој регион. Во јули во Скопје ќе се организира првиот регионален состанок за борба против корупцијата на кој ќе се соберат министри од Западен Балкан. ОБСЕ дава силна поддршка борбата против овој клучен проблем. Преку иницијативата, ОБСЕ ќе понуди креирање на нови политики и практики за регионот и поддршка во секој чекор од битката со корупцијата.“ напиша Османи на својот фб профил.