Во меѓувреме, командантот на Копнената војска на вооружените сили на Украина рече дека „првата успешна офанзивна операција во одбраната“ на Бахмут покажа дека украинските сили можат да возвратат и да напредуваат и покрај големата концентрација на руските сили во и околу Бахмут.
„Напредокот на нашите сили во правец на Бахмут – ова е прва успешна офанзивна операција во одбраната на градот“, изјави украинскиот генерал-полковник Олександр Сирскиј, според медиумската канцеларија на украинската војска на апликацијата Телеграм.
„Последните неколку дена покажаа дека можеме да одиме напред и во вакви исклучително тешки услови. Операцијата за одбрана на Бахмут продолжува, донесени се сите неопходни одлуки за одбрана“, рече Сирскји.