АПЈ: Четврта недела од обуката за преведувачи и лектори

Деновиве во просториите на Агенцијата за примена на јазикот се одвива четвртата недела од обуката за преведувачи и лектори. Темите што ќе се „чешлаат“ се: „Превод на правни текстови“ со предавач проф. д-р Афет Мамути и „Компаративна граматика на албанскиот и македонскиот јазик“, со предавач проф. д-р Аслан Хамити.
Во однос на темата „Превод на правни текстови“, за специфичностите на преведувачите и лекторите, проф. д-р Афет Мамути кажа:

„Она што сакам да го истакнам на денешното предавање е фактот дека при преводот е зачувано изворното значење текстот на изворниот јазик“, притоа додавајќи дека обуката на преведувачи и лектори од страна на АПЈ е продуктивна, бидејќи се решаваат проблемите со кои се соочуваат самите преведувачи.
Вгор предавач беше проф. д-р Аслани Хамити на темата „Компаративна граматика на албанскиот и македонскиот јазик“.

„Во текот на предавањето ќе се фокусирам на главните сличности и разлики меѓу двата јазика и каде треба да се ориентираат преведувачите и лекторите за употреба на современата технологија, (електронски речници, објаснувања на поими итн.) во нивната практична работа.“, рекол проф.Хамити.
Инаку, оваа е трета година што Агенцијата за примена на јазикот организира ваква обука за преведувачи, и во неа се опфатени над 60 учесници, додека како предавачи се ангажирани професори но и други специјалисти по админситративната терминологија, од наши универзитети и земјите од регионот.