Со овој анекс, патиштата кои ги сврзуваат исток и запад во земјава, ќе се сметаат за клучни трансевропски мрежи за транспорт, а ова според министерот е аргумент повеќе зошто треба побрзо да се изградат автопатите од договорот со Бехтел и Енка.
-За Република Македонија ова е стратешки важна одлука на Европската Унија со што веќе сме позиционирани централно како крстосница во регионот на два главни европски коридори, на Коридорите 8 и 10. Оттука сакам да ги повикам сите институции во државата и во регионот да се зафатат со работа, со својот дел од обврските и задачите, изјави Благој Бочварски – министер за транспорт и врски.
Во Комисијата за европски прашања од пакетот пет закони, пратениците стигнаа до вториот закон за урбанистичко планирање. Расправата заврши само за измените на законот за работни односи, а утре на собраниска седница е финалната фаза кадешто пратениците ќе гласаат дали да се продолжи на работната недела…