Претседателот на Демократската партија на Косово Мемли Красниќи му честиташе на премиерот на Албанија и на претседателот на Социјалистичката партија Еди Рама за победата на неговата партија во мноштво општини на локалните избори во таа земја.
Красниќ на Фејсбук изјави дека во Албанија се одржаа слободни и демократски избори, со што се одбележа важен момент на зрелост и политичка посветеност на институциите да обезбедат гласот на секој граѓанин да биде слушнат „директно и без интервенција“.
„Сакам да му честитам на премиерот Еди Рама, претседателот на Социјалистичката партија на Албанија, за неговата победа во повеќето општини. Се надевам дека довербата на граѓаните што им ја дадоа на нивните кандидати на овие избори ќе биде наградена со работни места, подобар живот и исполнување на ветувањата“, рече Красниќи.