-Да е коректен Мицковски, сам би барал „тргнување“ на 20-постотна категорија за албанскиот јазик,а не да шири страв од бинационална држава
Хистеријата што ја шири кон ДУИ, која ги претставува мнозинството Албанци, не ја земаме како грев, туку како израз на политички плурализам. Но, токму оваа хистерија го доведе Мицковски во ќорсокак и сакајќи да ја дефакторизира ДУИ, се позиционираше против сето она што ДУИ се залага за општо добро: и за европскиот пат и за уставните измени кои ги отвораат вратите на ЕУ, дури и против капитални кои не се политички, како што се коридорите 8 и 10Д, измислувајќи сешто само затоа што на чело е еден нејзин кадар.
Вака пишува порталот индекс.мк по повод последната изјава на Мицковски за уставните измени во кои наводно се прави редефинирање на државата како бинационална.
Тој не е многу „сигурен“ за ова, пишува порталот, но го кажува пред младината на ВМРО лежерно како да наслушнал нешто, како да не му се верува, но им укажува на младите за „најопасното “, „големото предавство“ што и се подготвував на државата… со што целосно ќе се разнишаат темелите, претворајќи ја бинационална федерална држава…Како да од друга планета за која не знае што се случува овде, само изразува надеж да остане нереализирана мантра, бидејќи во спротивно, доколку се вметне во текстот, ќе и се нанесе непоправлива штета на Македонија… Ваквата беседа на Мицковски ја нарекува псевдодрама за наивните, сакајќи да создаде нова „мантра“, ново плашило, за да допре до чувствата и свеста на младите со „длабочината“ на неговите ПР-пораки.
„Тоа не би било нешто ново од ВМРО, бидејќи тоа е „код на комуникација со помладите генерации, сеење националистички чувства, играње со категориите патриотизам од една страна и предавство од друга страна… За жал, ова често ѝ успева“, наведува порталот во својот редакциски коментар.
„Унитарниот карактер на државата на Македонија не е загрозен, затоа што нема опција за федерализација, ниту пред, ниту зад завесата, ниту над, ниту под маса. Албанските партии од Охридскиот договор наваму ги убедуваа да бидат раат своите сограѓани дека се за Македонија на рамноправни граѓани. Од каде измисли дека на маса е редефинирање на државата, кога за такво нешто треба да има широк општествен и политички консензус. Моделите како модели, постојат и функционираат, но секоја држава има своја реалност и го регулира својот уставен поредок… “, се вели меѓу другото во написот „Сега Мицковски се обидува да игра на картата на бинационална држава“.
Но, ако Мицковски би бил коректен кон себе и кон Албанците, кон кои „нема ништо против“, се вели понатаму, тогаш во оваа фаза треба да излезе и да каже: добро е што дојдоа овие промени, да го направиме тоа што сум го кажал, да го отстраниме „20 проценти“ за албанскиот јазик. Нема да се случи драма или трагедија, само ќе се исправи решение кое беше погрешно во Охридскиот договор, како одраз на ситуацијата кога беше донесен.
Ниту предрасуди, ниту опасност, едноставно, решение кое постои од конституирањето на Социјалистичка Република Македонија, подвлекува индекс.мк.