Во општина Кичево селата Колибар и Цервице ќе се обноват со систем за наводнување на земјоделско земјиште, ова денеска го соопшти првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Вредноста на проектот изнесува 110 милиони денари. “Уште еден капитален проект во земјоделството, за олеснување на работата на земјоделците.
Селата Колибар и Цервице од општина Кичево ќе се обноват со систем за наводнување на земјоделско земјиште.
Вредноста на проектот е 110 милиони денари.
Една од главните цели на Владата е да го зголеми домашното производство на храна и да ја стави во функција секоја земјоделска површина.
Системот за наводнување во селата Колибар и Цервице зафаќа 160 хектари, а инвестицијата обезбедува квалитетна вода за земјоделско производство”, напиша првиот вицепремиер Груби на својот фејсбук профил.