ФОТО: Се запали автомобил на „Водњанска“ кај ОУ Кочо Рацин

Вечерва се запали патничко возило во близина на ОУ „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје.

Во тек е интервенција на противпожарните служби.

Причинета е материјална штета, а информации за повредени нема. Засега нема детали како избувнал пожарот.