За што зборуваа? Бен Афлек снимен во сериозен разговор со поранешната сопруга

Откако папараците ја снимија пресметката на Бен Афлек со неговата сопруга Џенифер Лопез, се појавија нови снимки, но овој пат холивудскиот актер е снимен со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

Двајцата беа снимени откако ги оставија своите деца на училиште додека разговараа прилично сериозно, но не е познато дали темата е поврзана со воспитувањето деца или совети за љубовни проблеми.

Во секој случај, Афлек и во ова друштво не изгледа премногу среќен.