„Овој Манчестер Сити не е далеку од Барселона која ја водеше Гвардиола“


Лига на шампиони: Кој ќе игра во големото финале!? ↓↓↓


Maнчестер Сити како ретко кој вчера го декласираше Реал Мадрид со 4:0 и така го елиминираше од најелитното европско натпреварување.

Со вкупни 5:1 Сити се пласираше во финалето каде што ќе игра против Интер. По вчерашното полуфинале, Рио Фердинанд откри што му кажал Пеп Гвардиола.

На неколку часа пред натпреварот Гвардиола имал комуникација со Фердинанд во која бил убеден дека ќе победат.

„Пеп ми напиша: Верувај ми, победуваме. Верувај ми. Ова покажува само колку веруваа во себе. Тоа ми го кажа на два-три часа пред почетокот на натпреварот. Тактички Сити издоминира, постигнуваа голови во вистински моменти. Во овој момент овој Сити не е далеку од Барселона која ја водеше Гвардиола“, смета Фердинанд.

Манчестер Сити и Интер ќе играат во финалето на 10-ти јуни на стадионот „Ататурк“ во Турција.