СДСМ НА ТРИБИНА ВО БИТОЛА: Се враќа евтината тарифа на струјата, на мрежата на парно се приклучиле над 1.000 нови субјекти

Пред неколку години зборувавме за македонска енергија од македонско сонце и денес тоа е реалност. Видливи се резултатите, и со право сме горди што направивме и се уште го правиме во делот на зелената транзиција. Денес имаме домашна берза и секој еден може да учествува во енергетскиот бизнис, а до 2017 година тоа можеа да го прават само привилегирани до тогашната влада. Зголеменото домашно производство отвора можност повторно да ја вратиме евтината дневна тарифа на струјата, порача претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ одржана во Скопје.
▫️Нерашевањето на проблемот со парното греење во кризна година можеше да направи домино ефект и нарушување на целиот енергетски сектор во државата и да го доведе во колапс, затоа Владата дејствуваше брзо и ефикасно и со преземање на системот за парно греење успеавме да спречиме колапс на енергетскиот сектор, истака членот на Комисијата за енергетика на СДСМ Гоце Трпчевски.