Барселона спреми нов, побогат договор за Чави


ТОП 4 натпревари овој викенд! ↓↓↓


Тренерот на Барселона,  Чави Хернандез започнал преговори со каталонскиот гигант за продолжување на соработката.

Актуелниот договор на Чави истекува во јуни 2024 година, но Барселона е задоволна од неговата работа и сака да го задржи подолго.

Клубот веќе подготвил нов договор за 43-годишниот стратег, па Чави по завршување на сезоната ќе стави потпис на новиот договор.

И покрај тоа што клубот не е баш во стабилна финансиска ситуација, Чави најверојатно ќе добие зголемување на платата после освоената титула во Примера.