Драма во последните минути: Навивач на Фиорентина се бореше за живот, тренерот повика брза помош 🎥


ТОП 4 натпревари овој викенд! ↓↓↓


Драматични моменти се случуваа во продолженијата од полуфиналето во Конференциската лига помеѓу Базел и Фиорентина.

На неколку минути пред крајот на второто продолжение натпреварот беше во прекин затоа што му се слоши на еден навивач. Тренерот на Фиорентина забележа и веднаш ја повика итната медицинска помош да реагира.

Навивачот беше пренесен во најблиската болница со надеж дека се ќе биде во најдобар ред.

По продолжувањето на натпреварот Фиорентина со голот на Чехот Барак во последните моменти од натпреварот дојде до победа од 1:3 и закажа финале против Вест Хем.