Севиља после продолженија, Мурињо во свој стил до финале🎥


ТОП 4 натпревари овој викенд! ↓↓↓


Севиља и Рома се пласираа во финалето и ќе се борат за трофејот во Лига Европа.

Севиља во исклучително возбудлив дуел и после продолженија успеа да го победи Јувентус со резултат 2:1 и да се пласира во финале.

Тимот од Андалузија заслужено се пласира во финале, но Јувентус прв дојде до водство со голот на Влаховиќ во второто полувреме. Само седум минути подоцна Сусо со прекрасен гол израмни на 1:1

Домаќините имаа голема иницијатива, создаваа шанси, но не успеаа да дадат гол, па мечот замина во продолженија. Херој за Севиља беше Ламела кој го постигна победничкиот гол.

Рома после победата во Рим успеа да одигра реми против Баер Леверкузен и тактички во стил на Мурињо се избори за финалето во Лига Европа.