Снајдер: За разлика од војната во Украина, во израелскиот конфликт најверојатно ќе се дојде до брзо политичко решение

Во војната меѓу Израел и Газа е многу поверојатно да се дојде до брзо политичко решение, додека војната меѓу Русија и Украина нема да се реши политички во скоро време, бидејќи некој треба да победи, а некој да изгуби, изјави Тимоти Д. Снајдер, американски историчар и професор по историја на Универзитетот Јеил, во коментар за Укринформ.

 

Коментирајќи за она што е заедничко и различно помеѓу двете денешни војни, Снајдер забележа: „Војната во Украина е една од најмалку морално комплицираните војни што може да се замисли. Агресијата и геноцидот се на една страна. Ужасната пропаганда и тероризмот се на една страна. Војната меѓу Израел и Газа не е таква“.

Подготви: Марта Пешевска

Извор: ЦИВИЛ Медиа