ДРАМА ВО СРБИЈА: Дојава за бомба пристигнала на адресата на РТС, во тек е евакуација

Дојава за бомба пристигнала на адресата на РТС во Србија.

Имено, контрадиверзантска екипа пристигнала на терен, а во тек е евакуација на објектот, потврдиле за „Данас“ од српското МВР.

Од министерството навеле дека засега немаат информации дека имало дојави за бомби во други институции и установи, што е куриозитет со оглед на тоа што досега често се испраќаа дојави за бомби на бројни мејл адреси на училишта и болници во Белград.