featured

(видео) Вооружен напад во Москва: Пукање и пожар во концертна сала, има повредени

Непознат број на луѓе се повредени попладнево во Москва откако најмалку три лица во маскирна униформа отвориле оган во концертната сала „Крокус сити хол“, пренесува „Спутник“.

Според РТ, пак, убиени се најмалку 10, а ранети се најмалку 50 луѓе.

„Луѓе во маскирни униформи, од кои најмалку тројца влегле во салата и отвориле оган од автоматско оружје. Има и ранети“, изјави репортерот на Спутник.

Според него, после тоа фрлиле граната или запалива бомба, поради што избувнал пожар кој го зафатил целиот покрив, но пожарникарите не можат да интервенираат поради терористите внатре. Полицијата е на терен.

„Луѓето во салата легнаа на подот за да се спасат од пукањето, така лежеа 20 минути, а потоа со ползење почнаа да излегуваат. Многумина успеаја да излезат“, вели новинарот.

На лице место е формиран оперативен штаб, а се утврдува бројот на ранетите.

Музичарите од групата „Пикник“ кои го одржуваа концертот не се повредени.